Schmutzbrecher  - 1000ml

Универзално концентрирано средство за чистење наменето за третирање на сите површини и предмети што се алкално отпорни и водонепропустиви. Без физички напор, стругање, триење ефикасно одстранува секаков вид на нечистотии, освен нечистотии кои се фиксирани со бигор. Се употребува во мали количини и по чистењето не остава траги. Пред употреба да се проба на едно незначајно место за да се осигура дали материјалот го поднесува средството. За нечистотии и флеки што тешко се одстрануваат средството во концентрирана форма т.е.неразредено се нанесува со крпа, сунѓер или прскалка. На крај се пребришува со влажна крпа. За чистење на поголеми површини во зависност од степенот на нечистотија може да се раствори и во студена вода. Доколку има потреба постапката се повторува. Внимавајте производот да не замрзне. Рок на употреба најмалку 2(две)години

Кalkbrecher - 1000ml

Средство за професионално чистење на санитарии. За само неколку секунди одстранува секаков вид на бигор и на него фиксираните нечистотии,наслаги од цемент,корозија, наслаги од урина во WC-школка,маснотии и калциумов сапун оставајќи притоа пријатен,свеж мирис. Употреба само врз површини и предмети отпорни на киселина, плочки,керамика,гранит,вештачки гранит,кади,чешми,тушкабини и нивните стакла, умивалници... . Чисти без триење и стругање и после чистењето не дозволува да се задржува водата на површините и спречува таложење на бигор. Се нанесува нерастворено и после кратко време се плакне со студена вода. За чистење на поголеми површини во зависност од степенот на фиксирани нечистотии и бигор може да се раствори и во студена вода. Не смее да се употребува за чистење на бигорен камен како што е на пример мермерот. Внимавајте производот да не замрзне. Рок на употреба најмалку 2(две)години

Power-Tabs  Professional

Пауер-Табс Профешнал таблетите можата да се уптребуваат во сите стандардни типови машини за миење на садови за домашна и индустриска употреба. Многу ефикасно, концентрирано средство за миење на садови во две фази (т.е.со двојно дејство). Високата економичност и ефикасност во чистењето се карактеристични за овој производ. За да се овозможи задржување на квалитетот и да се заштити од влага, секоја таблета е посебно спакувана во целофан. За еден циклус на миење садови се употребува една таблета. За употреба на Профи-Табс таблетите потребно е процесот на миење садови во машината да трае минимум 20 минути.

Profi - Glanz  - 1000ml

BG-Protovision Profi-Glanz е синтетичка дисперзија со соодветно голема брзина на сушење и антилизгачки ефект. Создава сјаен, водоотпорен заштитен филм со првокласна долготрајност. Висока издржливост, отпорност на абразија и одбивање на нечистотијата се едни од многуте професионални карактеристики на оваа течност. Нанесениот заштитен филм е отпорен на алкохол и средства за дезинфекција. Отпорорност на лизгање според ДИН 18032. BG-Protovision Profi-Glanz го поддржува процесот за спроведување на Hygienemanagment врз основа на принципите од H.C.C.C.P концептот

Felgenreiniger  - 1000ml

Интензивно средство за чистење на алуминиумски и челични бандаши,мотор,куќиште од мотор,прагчиња,гумени патосници ... . Без мирис и високо ефективен. За само кратко време од нанесувањето на средството се добиваат одлични резултати. Се распрскува врз бандашите,се остава да дејствува 20 секунди и потоа се плакне со чиста вода. Доколку има потреба постапката може да се повтори и евентуално за наталожени нечистотии може да се употреби четка за постигнување на повисок ефект. Ова средство е тестирано врз повеке типови на бандаши,но заради различниот степен на квалитет ви препорачуваме пред да го употребите да направите мал тест така што средството ќе го нанесете на мал дел од површината на бандашот за да се осигурате дали материјалот го поднесува средството. Внимавајте производот да не замрзне. Рок на употреба најмалку 2(две) години

 Edelsteinreiniger  - 500ml

Професионално абразивно средство за чистење и полирање на челични површини со високо својство на одстранување на маснотии и нечистотии. Чисти без притоа да остава гребнатини. Со силно дејство но нежен за чувствителни површини благодарение на микро-честичките во својот состав. Наменето за чистење на кујнски површини, површини од високо квалитетен челик, тенџериња, рингли, керамика, серано стакла од шпорети, не“рѓосувачки мијалници, санитарни елементи и производи изработени од вештачки материјали. На влажна крпа се нанесува мала количина од средството и со неа се истрива нечистата површина. Потоа дополнително се плакне со вода и со мека , сува крпа повторно се пребришува површината што се чисти. Пред употреба добро протресете. Внимавајте производот да не замрзне. Рок на употреба најмалку 2(две)години

Fettlöser  - 1000ml

BG-Protovision Fettlöser е професионално средство за чистење големи кујни, гастрономската индустрија и индустријата за прехранбени производи. Брзо и темелно ги чисти сите масни валканици и наслаги на полици, калапи, уреди за пржење, конвектомати, мијалници, плочки, работни површини. BG-Protovision Fettlöser го поддржува процесот за спроведување на Hygienemanagment врз основа на принципите од H.C.C.C.P концептот

Desyfresch   -1000ml

Антибактериско универзално средство за тековно чистење. Се суши брзо и без траги, остава блескав сјај и долготраен мирис. Кога се користи концентриран, активните матери дезинфицираат и оставаат хигиенско беспрекорно чисти површини.Наменето за сите површини, предмети и подови отпорни на вода, како на пр. плочки, пластика, керамика, прозорски рамки, не'рѓосувачки челик итн. Зависно од степенот на нечистотија, се разредува 40-80 ml на 10 литри студена вода. За да добиете беспрекорно хигиенско чисти површини употребувајте го во поголема концентрација или во краен случај не разреден. BG-Protovision Desinfektfresch го поддржува процесот за спроведување на Hygienemanagment врз основа на принципите од H.C.C.C.P концептот